Сервис на кинески моторни пили во Виница
Servis za kineski motorni pili Vinica
Поевтините кинески пили се многу распространети. Добро сечат, но кај нив почесто попушта стартерот, карбураторот или подмачкувањето на ланецот.
Ги сервисираме и кинеските моторни пили и тримери. Многу делови се стандардни, па често може да се најде замена.
Што поправаме
- Пила што не пали или се гаси
- Замена на стартер, јаже и пружина
- Чистење и штелување на карбуратор
- Замена на свеќичка и филтри
- Пумпа за масло и подмачкување на ланецот
- Острење и замена на ланец и мач
- Проверка на палењето
Најчести дефекти кај кинеските пили
- Стартерот не се враќа или јажето се кине
- Пали, но се гаси кога ќе дадете гас
- Ланецот е сув
- Пилата вибрира или сече накриво
Сервисираме кинески моторни пили и тримери со бензински мотор.Сите марки
Чести прашања
Дали се исплати да се поправа кинеска пила?
Често да, особено кога дефектот е во стартерот, карбураторот или филтрите. Прашајте за цената пред поправката, па одлучете.
Дали има делови за кинески пили?
Многу делови се стандардни: свеќичка, филтри, стартер, ланец и мач. Јавете се, кажете ни ја кубикажата или моделот и ќе ви кажеме дали делот може да се најде.
Која мешавина се користи за кинеска пила?
Најчесто 1:40 или 1:25, но проверете во упатството. Ако го немате упатството, прашајте нè. Табела има во советот за мешавината.
Колку чини поправката?
Зависи од дефектот и од деловите што треба да се заменат. Опишете го проблемот по телефон или пратете слика на Viber и ќе ви кажеме приближна цена.
Други услуги
Кинеската пила не пали?
Јавете се или пратете слика од дефектот на Viber. Ќе ви кажеме што може да биде и кога да ја донесете машината.
- Работилницаул. Марксова бр. 4, 2310 Виница
Насоки до нас - Работно времеПонеделник – сабота: 09:00–15:00Недела: не работиме