Прескокни до содржината
И-ХускварнаСервис за моторни пили · Виница

Политика за приватност

Последна измена: 19.10.2026

Кој ги обработува податоците

Контролор е СЗД И-ХУСКВАРНА Игор Стојмир Данчев Виница, ул. Марксова бр. 4, 2310 Виница, ЕМБС 6512917, е-пошта info@servishuskvarna.com, телефон 078 208 298.

Кои податоци ги собираме

Кога ја пополнувате формата за пријава на дефект, ги собираме податоците што ќе ги внесете:

Заедно со пораката ја чуваме и IP адресата од која е испратена, за да можеме да спречиме злоупотреба на формата.

Зошто и врз која основа

Податоците ги користиме само за да ви одговориме и да се договориме за поправката. Правна основа е преземање активности на ваше барање пред склучување договор (член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци). IP адресата ја чуваме врз основа на легитимен интерес за заштита од злоупотреба (алинеја 6).

Телефонот е потребен за да ве повикаме. Другите полиња не се задолжителни.

Кој ги добива податоците

Податоците не ги продаваме и не ги користиме за рекламирање.

Колку долго ги чуваме

Пораките ги чуваме до 12 месеци, а потоа ги бришеме.

Вашите права

Имате право да побарате пристап до вашите податоци, исправка, бришење, ограничување на обработката и пренос, како и право на приговор. Јавете ни се или пишете ни на контактите погоре.

Ако сметате дека податоците се обработуваат спротивно на законот, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје, azlp.mk.

Не носиме автоматизирани одлуки врз основа на вашите податоци.

Колачиња

Сајтот не користи колачиња за следење и рекламирање. Посетите ги мериме со Cloudflare Web Analytics, која не користи колачиња и не ве следи на други сајтови.